Спектакуларен трансфер во најава: Гвардиола тргна во лов на – Кејн!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер сити ќе се обиде да купи уште едно квалитетно засилување во текот на јануарскиот преоден рок, а изборот паднал врз Хари Кејн.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви нема намера да го продаде Кејн за помалку од 170 милиони евра, иако напаѓачот побара да замине од Лондон.

Управата на „граѓаните“ верува дека би го натерала Тотенхем да го пушти Кејн, иако тоа не им успеа во текот на летниот преоден рок.

Кејн, кој постигна хет-трик во победата од 5-0 против Албанија во петокот, не игра најдобро оваа сезона, но во секој случај ќе биде големо засилување за актуелниот англиски шампион.

Напаѓачот има договор со лондонскиот гигант до 2024 година, но со доаѓањето на Антонио Конте во екипата, неговиот статус би можел да се промени.