Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот пик на драфтот од 2019. година Зион Вилијамсон конечно ги запиша своите први минути.
Зион поради проблеми со коленото пропушти пола сезона, но успешно се опорави и конечно доби прилика за деби во најјаката лига на светот.
Сите очи во Америка беа вперени во овој 19-годишен кошаркар, а тој покажа дека Њу Орлеанс Пеликанс имаат вистинско чудо од кошаркар во своите редови.
Иако неговиот тим беше поразен од Сан Антонио Спарс, Вилијамсон одигра фантастично и за само 18 минути на паркетот погоди 22 поени и придодаде седум скокови и три асистенции.
Посебно беше импресивен последниот период кога нанижа во серија 17 поени и Спарси немаа решение за него.
Така покрај Брендон Инграм (22 поени) Зион на дебито беше најефикасен во својот тим.
Спаси до триумф ги однесе ЛаМакрус Олдриџ со 32 поени и 14 скокови.