Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нголо Канте веќе некое време игра во Саудиска Арабија, но би можел да се врати во Европа во поодминати играчки години.
Како што дознава „Фут Меркато“, заинтересиран за освојувачот на Светскиот куп од 2018 година е Париз. Не ПСЖ, туку Париз ФК.
Канте има 34 години, но и покрај одењето во Саудиска Арабија редовно добиваше повик од Дидије Дешан во репрезентацијата на Франција. Тој е еден од најпосветените играчи на позицијата дефанзивен фудбалер за врска. Многу трча и покрива голем дел од теренот. Канте веќе три години го носи дресот на Ал Итихад, а оваа сезона на седум натпревари постигна еден гол.
            














