Спектакуларно забивање на Зубац преку Харден (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ивица Зубац одигра одличен натпревар во победата на ЛА Клиперс над Хјустон Рокетс.

Клиперси славеа со 120:105, а Зубац во третата четвртина, по додавањето на Кавај Леонард, ја прими топката и со една рака заби покрај немоќниот Џејмс Харден.

Харден сигурно не важи за добар дефанзивец, но тој навистина немаше што да бара тука.

Зубац го заврши мечот со 17 поени и 12 скокови за 20 минути на паркетот.