Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот тренер Жозе Мурињо на крајот на декември минатата година остана без работа, откако доби отказ од Манчестер јунајтед.
Мурињо потоа реши малку да одмори од тренерската работа и да го пречека крајот на сезоната за да може да ги разгледа понудите на заинтересираните клубови.
Сепак, деновиве се појавија шпекулации, кои ја изненадија фудбалската јавност, откако открија дека Мурињо би можел да го преземе шкотски Селтик.
Наводно, шкотскиот тим покажал интерес за ангажирање на „Специјалниот“, па го контактирале неговиот агент. Ова е сигурно огромно изненадување за сите, но во Селтик веруваат дека може да го ангажираат искусниот тренер.
Во прилог им оди и тоа што Португалецот неодамна изјави дека сака да оди во клуб, кадешто ќе има голем предизвик, но и целосна слобода.