Спировски: Сакаме повторно да ја израдуваме Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски кажа дека нема притисок пред дебито на Македонија на Европското првенство (ЕП).

Македонија ќе дебитира против Австрија на 13 јуни, а Спировски вели дека не чувствуваат поголем притисок.

„Ова ни е прв настап на ЕП, но нема некој голем притисок. Овој собир пред ЕП ни е како претходните. Веруваме во себе и сакаме повторно да ја израдуваме Македонија“, вели Спировски.

Спировски вели дека не треба да се брза со очекувањата и треба да се оди чекор по чекор, па можеби би ја минале и групната фаза на ЕП.

„Еуфоријата одамна помина и сега се подготвуваме максимално. Ќе одиме чекор по чекор и ќе пробаме да бидеме подготвени на најдобро можно ниво“, објасни репрезентативецот.