Спировски се пресели во Украина!

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се сели во Украина, каде што ќе игра за екипата на Мариупол.

По кратката авантура во Катар, Македонецот реши да се пресели во Украина, а треба да му помогне на Мариупол да обезбеди опстанок во лигата.

Спировски претходно во кариерата ги носеше дресовите на Борац Чачак, Берое, Ференцварош, Хапоел Тел Авив, АЕК Ларнака…