Спировски се сели во Пјуник кај Радески


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го напушти МТК Будимпешта и во моментов е слободен играч, но наскоро ќе го засили Пјуник, каде што ќе соработува со уште еден македонски фудбалер, Марјан Радески.

Овој 32-годишен фудбалер има богата интернационална кариера, а досега играше за Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Ференцварош и МТК Будимпешта.

Исто така, Спировски играше и во неколку македонски екипи, меѓу кои се Пелистер, Работнички и Вардар.