Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Војната однесе многу човечки жртви, а сега зема и нова спортска жртва откако загина 19-годишниот биатлонец Јевхен Малишев.
„Укринформ“ ја објави тажната вест за поранешниот јуниорски репрезентативец на Украина, кој бил мобилизиран на почеток на војната.
„Пред две години, овој биатлонец беше член на јуниорската репрезентација. Нека живеат вечно спомените на херојот“, пишуваат на медиумот.
Двајца украински фудбалери претходно загинаа во борбите на Украинците со руските воени сили, а тоа го потврди ФИФПро.
Први спортски жртви во војната беа 21-годишниот Витали Сапило, додека животот го загуби и 25-годишниот Дмитри Мартиненко.
Ракета го погодила домот на вториот спортист, при што потешко повредени биле неговата мајка и седумгодишна сестра.
Yevhen Malyshev was a talent in biathlon. He was only 20 (19) years old when he was killed in combat in the war in Ukraine. 😢😢🇺🇦 R.I.P.
— Global Athlete (@GlobalAthleteHQ) March 1, 2022
Confirmed by Ukrainian Athletes.#IOC Suspend Russia and Belarus! #IPC Suspend Russia and Belarus2!https://t.co/UlTpCNjsRK