Спортскиот директор на Борусија дециден околу Санчо: Одлуката е финална…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед по се изгледа остана со кратки ракави во трката за ангажман на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Спортскиот дирекор на клубот, Микаел Зорц потврди дека планираат да го зачуваат Санчо за сезоната што доаѓа и дека таа нивна одлука е финална.

„Планираме да го имаме Санчо во тимот за оваа сезона. Одлуката е финална и мислам дека тоа ви ги одговара сите прашања“ –изјави Зорц затворајќи ја вратата за Манчестер Јунајтед.

Сепак, медиумите ископаа слична ваква негова изјава од 2017 година кога тврдеше дека нема шанси Дембеле да го напушти клубот, за два месеци подоцна тој да потпише за Барселона.