Спортскиот директор на Фиорентина случајно откри големо засилување на Реал Мадрид?!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Долго време се шпекулираше дека Бруно Фернандеш ќе се пресели во Манчестер јунајтед, но трансферот пропадна во последен момент.

Талентираниот Португалец и понатаму е во Спортинг, но сега се шпекулира дека за неговите услуги е заинтересиран Реал Мадрид.

А ако се точни информациите на спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Прада, тогаш Фернандеш е подготвен да се пресели во Мадрид.

Прада на изненадување на многумина тоа тврдење го кажа во јавност во текот на претставувањето на најновото засилување на тимот, Далберт.

Фиорентина летово беше заинтересирана за Рафиња од Спортинг, но трансферот не може да се реализира поради заминување на Фернандеш.

„Рафиња мораше да остане во Спортинг, зашто Фернандеш оди во Мадрид за 70 милиони евра“, порача спортскиот директор.