Спортскиот директор на Јуве потврди дека има интерес за Дибала од неколку тимови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи истакна дека има интерес за Пауло Дибала, меѓутоа дека засега не е постигнат никаков договор.

Дибала се поврзуваше со премин на Островот од каде постоеше интерес од Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но не дојде до реализација на ваков трансфер. Сега за фудбалерот се распрашува ПСЖ кој би можел да остане без Нејмар.

„Ние се уште сме на пазарот, нормално е да има интерес за нашите играчи, но двете страни најпрво мора да се договорат. Дибала? Тоје како сите играчи. Сега е член на Јуве и е одличен играч. Јасно е дека постоеја шпекулации за него. Секако дека постои интерес за најдобрите играчи“ –истакна Паратичи.