Срамен напад врз Ѓоковиќ, Шпанец бара казна за српскиот тенисер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пабло Карено Буста го совлада Новак Ѓоковиќ во битката за третото место на Олимписките игри, а во текот на дуелот сакаше да биде доделена казна за српскиот тенисер.

Карено Буста во изјава за шпанските медуми по натпреварот откри дека сакал Ѓоковиќ во еден момент од вториот сет да биде казнет поради непримерно однесување.

Ѓоковиќ беше изнервиран поради проблемите на теренот, како и од својата физичка состојба и повредите, па во еден момент го фрли рекетот на трибини, а потоа скрши уште еден рекет.

„Го прашав судијата што се случува затоа што мислев дека ова е второ предупредување, зашто фрли рекет во третиот ред на трибините, а вториот го скрши пред него. Но изгледа тоа не беше доволно за казна“, вели Шпанецот.