Срамен потег: Фудбалер на Лестер го фрли знамето на Челси 🎥


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лестер за првпат во историјата го освоија ФА-купот. „Лисиците“ во финалето на „Вембли“ го совладаа Челси со 1-0, а спектакуларен гол постигна Јури Тилеманс.

По натпреварот се славеше големиот успех на фудбалерите на Лестер, кои испишаа нови страници на историјата на клубот.

Фудбалерот од Гана, Даниел Амарти во соблекувалната направи срамен потег, откако го фрли знаменцето на Челси, кое му пречеше.

Ова е непочит кон ривалот и можеби Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да го казни, но неговиот тим би можел да биде казнет на теренот за неколку дена.