Срамен потег на Португалецот: Роналдо плукна соиграч!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед ги разочараа навивачите затоа што во 25. коло од Премиерлигата одиграа 1-1 против Саутемптон.

По крајот на мечот камерите снимија една ужасна сцена, каде што нервозниот Кристијано Роналдо во глава го плукна младиот соиграч Еланга.

Португалецот најверојатно тоа не го направи намерно, затоа што беше свртен на другата страна пред да плукне.

Првата ѕвезда на тимот очигледно не е среќен во екипата под водство на тренерот Ралф Рангник, кој го критикуваше Роналдо дека не е доволно ефикасен.

Роналдо не успеа да постигне гол на шест меча по ред, а такво нешто последен пат му се случи во 2009 година во дресот на „црвените ѓаволи“.