Срамен судиски критериум ги налути Американците: Судат како јас по шест чаши виски! (видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дискутабилна судиска одлука ја одбележа финалната серија на Западната конференција меѓу Денвер и Лејкерс.

Низ цела серија арбитрите го фаворизирале Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, барем така сметаат американските новинари.

Исто така, американската јавност ги обвини судиите дека имаат за задача да го нападнат Никола Јокиќ со лични грешки, па така Србинот имаше проблеми на секој меч.

Ваквиот судиски критериум ги налути американските новинари, кои преку социјалните мрежи дискутираа за тоа што се случуваше во финалето на Западот.

„Судењето беше прецизно како кога јас играм пикадо по шест чаши виски“, напиша спортскиот новинар Ти-Џеј Мекбрајд.