Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал направи епски пресврт и го совлада Русинот Данил Медведев по пет ипол часа игра со 3-2 во сетови, а притоа стигна до рекордната 21. гренслем-титула во кариерата.
Мечот го одбележа скандалозното однесување на публиката на арената „Род Лејвер“, која во текот на натпреварот правеше сè за да го деконцентрира рускиот тенисер, кој по мечот беше разочаран поради навивачите.
На социјалните мрежи се појави снимка која јасно покажува зошто Медведев разочаран ја напушти Австралија. По секоја негова грешка се случаа овации, кои постојано му пречеа меѓу првиот и вториот сервис.
Во еден момент некој од навивачите гласно викна „Врати се во Русија“, а сè ова беше доволно да го извади од такт вториот тенисер во светот.
Someone yelled out – back to Russia, this is absolutely embarrassing and disgraceful. I can’t believe this is happening in our country, the person had to be kicked out 😠 😡 #AusOpen #AO2022 #AustralianOpen #Tennis https://t.co/nHTQluQtCY
— ⚫️⚪️ JAKE ⚫️⚪️ (@IncrediblyBozza) January 31, 2022