Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Ѓоковиќ го предаде дуелот во полуфиналето на Австралијан опен откако го загуби првиот сет во тај-брејк, по маратонска борба со Александер Зверев.
Србинот беше испратен од Род Лејвер арена со свирежи, а за таквата атмосфера во која што беше создаден наратив дека Ѓоковиќ „глуми“ повреда многу придонесоа медиумите.
Еден од оние кои не веруваа во повредата на Ѓоковиќ е и повеќекратниот гренд слем шампион Џон Мекинро.
Иако секогаш позитивно коментираше за Ѓоковиќ, во четвртфиналето против Алкараз, кога токму тогаш се повреди Србинот, имаше лош коментар.
„Ова не е првпат да ја видиме оваа тактика“, рече Мекинро .