Срамно симулирање од Винисиус забележано од камерата на судијата (Видео)


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Реал Мадрид одигра нерешено со Ал Хилал (1:1) во првото коло на Светското клупско првенство во Мајами, но натпреварот го обележа симулирањето на Винисиус Жуниор.

Александар Митровиќ не играше против „кралевите“ на чија клупа дебитираше Чаби Алонсо како нов тренер.

Сепак, сите останаа шокирани кога видоа како Винисиус симулираше.

Иако немаше никаков контакт со противникот, се обидуваше да прикаже дека дојде до фаул. Две камери открија дека Калиду Кулибали не го ни допрел.

Особено беше интересна втората камера која досега ја имавме видено само во некои реклами, а таа камера беше на градите на судијата.

Фото: Принтскрин

.