До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Челси загубија уште еден меч во низата, петти по ред, без постигнат гол; практично им се потребни вистинските стрелки од познатиот клип каде навивачите им покажуваат на своите играчи каде треба да шутираат.
Вкупна гол-разлика од 11:0 укажува на состојбата во која се наоѓа Челси во последните пет натпревари, а фактот дека нивната игра би ги борела за испад ако беше така целиот период, е очигледен и од вчерашниот натпревар.
Брајтон не само што славеше со 3:0, туку разликата можеше да биде и далеку поголема; играчите на домашните беа неброено пати сами како духови во казнениот простор, нешто што не се гледа ни во Супер лигата на Македонија.
Некои работи не се во ред во Челси и од доаѓањето на Лијам Росениор, кој сега има повеќе порази од Енцо Мареска, а беше на клупата на шест натпревари помалку од Италијанецот.
„Постојано излегувам и ги бранам своите играчи, но ова е незащитливо. Ова вечер, начинот на кој примавме голови… Нешто драстично мора да се промени, веднаш”, рече Росениор.















