Србија гази сè пред себе: Србите го „замрзнаа“ Филипини на -59


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српската кошаркарска репрезентација славеше во второто коло од Мундобаскетот во Кина против Филипини со убедливи 126-67 и обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Уште по првото полувреме Србија имаше голема преднот, а резултатот беше 62-35, па беше јасно како ќе заврши мечот.

Србија во второто полувреме само дополнително го засили ритамнот, а на крајот славеше убедливо со 126-67, па така уште еднаш покажа дека е фаворит за освојување на Светското првенство.

Најдобар во редовите кај нашиот северен сосед беше Бјелица, кој постигна 20 поени, а Радуљица постигна 13 поени, додека кај Филипини најефикасен беше Перез со 16 постигнати поени.

Да потсетиме, Србија славеше во првиот меч против Ангола со високи 105-59.