Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ немаше добра сезона во Реал Мадрид, кој претходното лето го плати неверојатни 60 милиони евра, но италијанските медиуми сега најавуваат трансфер-бомба на „Сан Сиро“.
„Кралевите“ од Јовиќ добија само два погодоци сезонава, кој заглави во проблеми и надвор од теренот кога во Србија го прекрши карантинот.
Јовиќ на „Сантијаго Бернабеу“ е во втор план и во сенка на Карим Бензема, а Италијанците пишуваат дека Реал може да пронајде совршено решение во позајмица на Србинот.
„Тутоспорт“ пишува дека Јовиќ е кандидат да го замени Златан Ибрахимовиќ во Милан, кој има договор со „росонерите“ до крајот на летото и не е јасно дали ќе го продолжи.