Србинот кој го прекрши полицискиот час осуден на три месеци, а ќе остане и без 18 милиони евра!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот фудбалер Александар Пријовиќ е осуден на три месеци домашен притвор. Поранешниот репрезентативец на Србија призна дека ја прекршил забраната за собирање за време на пандемијата на коронавирусот, па судот во Белград му даде казна.

Меѓутоа, тој би можел да остане и без 18 милион евра. Неговиот клуб Ал Итиахд има право да го туши и да му го раскине договорот, кој вреди пет ипол милиони евра по сезона.

Тоа би можелолесно да се случи со оглед на тоа дека Пријовиќ поради недисциплина беше исфрлен од тимот пред два месеци, а ова е шансата која ја чекаа богатите сопственици.

Пријовиќ во минатата година стана член на тимот од Саудиска Арабија, а во кариерата промени голем број клубови, но најдобри играше во ПАОК.