Србите збеснаа: Навивачите на Шкупи и Динамо пееја – Убиј го Србинот! (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Албанските и хрватските навивачи повторно пееја против Србите, и тоа овој пат на Националната арена во Скопје во реваншот меѓу Шкупи и Динамо Загреб (0-1).

Екипата од Чаир загуби од Динамо и го заврши своето натпреварување во Лигата на шампиони (ЛШ), по што продолжува во квалификациите од Лига Европа.

Од трибините повторно можеше да се слушне скандирање против Србите од страна на фановите на Шкупи и Динамо, а тоа ја налути српската јавност и медиумите кои пишуваат за инцидентот и бараат казни од Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

„Умри Србија“ и „Убиј го Србинот“, беа пораките кои ги испратија навивачите.