Срцето му застана на 50 секунди: Поранешниот фудбалер на Челси заврши со фудбалот засекогаш


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Оскар реши да се повлече од фудбалот по застрашувачкиот здравствен инцидент. Последниот период Оскар го носеше дресот на Сао Паоло,

Според информациите на новинарот на ESPN, Андре Херна, бразилскиот фудбалер Оскар донел одлука да ја заврши професионалната кариера, и за тоа веќе ги известил најблиските луѓе.

Веста одекна како шок, имајќи предвид дека Оскар оваа сезона се врати во форма, постигнувајќи два гола и пет асистенции во 21 натпревар за Сао Паоло.

Одлуката доаѓа по драматичниот настан во ноември, кога Оскар колабираше за време на медицинските прегледи во тренинг центарот на клубот во Барра Фунда.

Како што наведува ESPN, тогаш бил без пулс дури 50 секунди, што предизвика паника и итна интервенција на медицинскиот персонал. Потоа, мина пет дена во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло.