Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ имаше средба заедно со Кристијано Роналдо, па тие решија заедно да тренираат и притоа Португалецот му покажуваше неколку свои техники на Србинот.
Ѕвездата на Јувентус објави на Инстаграм едно видео на кое може да се забележи како го „учи“ српскиот тенисер како да скока повисоко.
„Го учев Ѓоковиќ како да скока. Ми беше задоволство да те видам и да тренирам со тебе, пријателе“, порача Кристијано.
Роналдо постигна прекрасен гол против Сампдорија, откако скокна високо и на висина од 2,56 ја удри топката, која заврши во мрежата на противниците.
Ѓоковиќ се подготвува за почеток на новата тениска сезона, па токму Роналдо реши да му помогне.