Средбата меѓу Роналдо и Мбапе беше нешто посебно! ?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо повеќе од две децении за многумина е најдобар фудбалер во светот, додека за Килијан Мбапе најдобрите денови допрва доаѓаат.

Мбапе како дете му се восхитувал на Роналдо, а сега имаше можност да заигра против одличниот Португалец, и тоа во дуелот меѓу Франција и Португалија.

„Тој е мој херој од детството и беше преубава да го сретнам во тренинг-кампот“, кажа Мбапе пред три години за шпанските медиуми.

Во меѓувреме Мбапе стана светска ѕвезда, а беше и шампион со Франција, но далеку е од тоа дека престанал да му се восхитува на својот идол.