Српски кошаркар по третпат ќе го засили Куманово


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Куманово се засили со српскиот кошаркар Бранислав Гекиќ, кој ќе игра во македонската екипа до крајот на сезоната.

Гекиќ и во минатото настапуваше за Куманово, а најпрво тоа го направи во сезоната 2014/15, по што настапи за кумановци и во 2018/19, а во Македонија има настапувано уште и за Струмица и Фени Индустри.

Српскиот кошаркар во Куманово пристигнува од Спарс, со кој го освои босанскиот Куп за 2020 година.