Српски репрезентативец остана без бубрег поради екс-кошаркар на МЗТ Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Србија, Бориша Симаниќ остана без бубрег по итна операција во Манила, каде што се игра Светското првенство.

Симениќ доби тежок удар во пределот на бубрегот од страна на екс-кошаркарот на МЗТ Скопје, Нуни Омот, по што беше пренесен во болница.

„Симаниќ доби силен удар во пределот на бубрегот. Тој поради болки не можеше да продолжи со игра и беше пренесен во болница, каде што беше задржан на испитувања, а потоа и опериран“, соопштија од репрезнетацијата.

Кошаркарот на Србија е во стабилна состојба и неговата рехабилитација се очекува да биде долга, односно ќе ја пропушти цела сезона.