Српски тренер збесна поради судиите, па почна да удира по маса (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Торонто заврши со победа на тимот од Калифорнија со 132-131, а тоа го налути српскиот тренер Дарко Рајаковиќ.

Лејкерс во последната четвртина изведе дури 23 слободни фрлања, а тоа го налути Рајаковиќ.

„Како да играте натпревар? Тоа што се случи вечерва е невидено. Чисто ср*ње. Срамота за судиите. Дури 23 слободни фрлања беа досудени за нив во последната четвртина. Мораа да победат? Ако е така, кажете ни на време за да не се појавиме на натпревар“, вели Рајаковиќ.