Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Србија уште по првиот меч е пред елиминација од Европското првенство (ЕП), откако неочекувано загуби од Белорусија, по што следат дуелите против Хрватска и Црна Гора.
Србија вчера беше поразена со 30-35 и така им се намали шансата да се пласираат во второ коло, а селекторот Ненад Перуничиќ беше нервозен и кажа дека неговите ракометари одиграле кукавички.
„Воопшто немам зборови по поразот. Повеќе од тие пет гола разлика ме боли начинот на кој загубивме. Верував дека добро сме подготвени за Белорусите, но во второто полувреме целосно отстапивме од договорот. Во последните две пријателски средби најмногу работевме на одбраната и тогаш против Франција, Норвешка и Белорусија примивме вкупно 111 голови. Одбраната мора да биде посигурна, а ние одигравме кукавички“, вели Перуничиќ.