Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Наполи по информацијата дека починал поранешниот фудбалер на клубот, Диего Марадона, кажа дека постои можност името „Сан Паоло“ да биде променето.
Аурелио де Лаурентис кажа дека размислуваат да го додадат името Марадона во сегашното име на стадионот.
„Ја разгледуваме идејата нашиот стадион да го наречеме Сан Паоло – Диего Армандо Марадона“, откри Де Лаурентис.
„Сан Паоло“ поради Марадона ќе ги остави своите рефлектори вклучени цела ноќ. Аргентинецот почина денеска на 60-годишна возраст од срцев удар.