Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија утре игра важен натпревар против Исланд во борбата за бараж на Светското првенство (СП) во Катар, а на стадионот „Тодор Проески“ ќе има огромен број на навивачи.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го пушти цел стадион за продажба, па за кратко време беа распродадени сите влезници за историскиот натпревар за фудбалерите.
На натпреварот ќе се запазат сите протоколи кои се активни поради вирусот, а натпреварот меѓу Исланд и Македонија се игра утре од 18 часот.
Триумф против Исланд ќе нѐ остави на втората позиција на табелата, додека ако одиграме реми или загубиме, тогаш ќе треба да се надеваме и на кикс од страна на Романија на мечот против Лихтенштајн.