Станчу е оптимист: Ќе ја победиме Македонија за да го израдуваме селекторот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги почне квалификациите за Светското првенство (СП), а прв противник на нашите фудбалери ќе им биде Романија.

Македонија гостува во Букурешт и се надеваме на позитивен резултат, иако Николае Станчу е оптимист и смета дека неговата репрезентација ќе победи.

„Чудно ќе биде што селекторот Мирел нема да биде со нас. Со него разговоравме оналајн и знаеме дека ќе биде со нас и ќе се обидеме да победиме и да го направиме среќен. Во еден циклус првиот натпревар секогаш е многу важен“, вели Станчу.

Селекторот на Романија, Мирел Радои има позитивен тест на ковид-19 и нема да може да ја предводи селекцијата од клупата.