Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвена Звезда синоќа загуби од Хофенајм со 0-2 на гостински терен во првото коло од групната фаза во Лига Европа.
Тренерот на српскиот тим, Дејан Станковиќ во 64. минута доби црвен картон, зашто вербално го нападна судијата при првиот погодок на Германците, но Србинот најде начин како да го предводи својот тим.
Станковиќ го искористи фактот што на трибините немаше многу публика, па се качи и од таму ја предводеше својата екипа.
Исто така, поранешниот легендарен фудбалер им даваше совети на фудбалерите и во тунелот на стадионот, а со помош на таблет објаснуваше како неговите избраници треба да играат до крајот на натпреварот во Германија.