Стариот „лисец“ повторно во акција: Венгер си најде нова работа?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот француски тренер Арсен Венгер се наоѓа пред враќање на тренерската работа. Медиумите од Холандија објавија дека 70-годишниот стратег е кандидат за селекторската функција на репрезентацијата, која ќе ја напушти Роналдо Куман.

Куман ќе биде нов тренер на Барселона, па така останува празно местото на холанѓанската репрезентација, а Венгер реши брзо да реагира и ги понудил своите услуги.

Наводно постои интерес и од Фудбалскиот сојуз на Холандија и нема да биде чудно доколку Венгер седне на селекторското место.

Да потсетиме, Венгер по две децении во 2018 година го напушти Арсенал, а во моментов работи за промоција на фудбалот за УЕФА и ФИФА, како и стручен консултант.