Старт од соништата: Астон Вила вакво нешто не памети 90 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерлигашот Aстон Вила игра фантастично на почетокот од новата сезона во Премиер лигата и во четири кола запиша четири победи.

Последниот триумф го обезбедија вчера кога на домашен терен го совладаа Лестер со 1:0.

Интересно е тоа што ваков старт Астон Вила не памети уште од сезоната 1930/1931. Вила со четири од четири е втора на табелата, додека лидер е Евертон.

Вила значи го има најдобриот старт во Премиер лигата по дури 90 години. Ќе потсетиме вчера победата ја обезбеди Рос Баркли со гол во последните моменти од натпреварот.