Статистика на страната на Белгија, но Македонија се надева на изненадување во Гент (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вечерва, со почеток во 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Белгија во рамки на квалификациите за Светското првенство. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Планет Груп“ во Гент и претставува еден од најголемите тестови за нашите играчи во овој циклус.

Ова ќе биде шеста средба меѓу двете репрезентации, при што Белгија има значително подобар учинок – Македонија сè уште не ја забележала првата победа. Но, историјата памети резултат кој останува забележан како голем успех за нашата репрезентација.

Тоа се случи во 1994 година, кога Македонија како ново независна држава допрва се запознаваше со меѓународните натпревари. Под водство на легендарниот селектор Андон Дончевски, „црвено-жолтите“ одиграа 1-1 во Брисел со значително поискусната Белгија. Домаќините поведоа преку голот на Верхејен во 32. минута, но само осум минути по стартот на второто полувреме, Чедо Бошковски – Чоко успеа да израмни и да обезбеди за тимот историско реми.