Статистиката на Ѓулер го остави Анчелоти без зборови (Видео)


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Арда Ѓулер конечно дочека шанса во Реал Мадрид и веднаш го покажа неговиот квалитет, а тоа го воодушеви и тренерот Карло Анчелоти.

Ѓулер постигна два гола против Вилјареал (4-4), па така стигна до шест гола од шест испратени удари во Ла Лига.

„Арда е неверојатен. Колку поблиску е до голот, толку е подобар. Сите се уверивме во неговиот квалитет. Постигна многу голови, има специјален талент“, кажа Анчелоти.