Статистката е катастрофална: Ако продолжи вака Реал, Зидан ќе „летне“, а замената веќе е подготвена!?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Бројките се поразителни, а притисокот на Зинедин Зидан расте како минува времето. Затоа што едноставно во Реал Мадрид мора да се победува, а откако се врати на клупата, од 14 меча доби само шест и по четири пати одигра реми и загуби.

По лошата претсезона, почетокот ветуваше по победата во Виго, но следуваа реми против Ваљадолид и Виљареал.

„Виновни сме ние, а не тренерот, ние правиме гршеки од мечо во меч“, вели Касемиро.

Зидан е лут затоа што не бил ангажиран Пол Погба, а за негова голема среќа не победува ниту Барселона, меѓутоа Атлетико Мадрид има четири бода повеќе.

Доколку Зидан не ги поправи резултатите, тогаш замената му е подготвена, а тоа е Жозе Мурињо, кој чека повик.

„Кралевите“ имаат тежок распоред, зашто по паузата играат против Леванте, па потоа против Севиља.