До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Некогаш голем талент на англискиот клуб, а денес човек без клуб. Рахим Стерлинг официјално е слободен на пазарот, откако Челзи одлучи да го раскине договорот.
Стерлинг во 2022 година дојде во Челзи од Манчестер Сити, а во меѓувреме беше и на позајмица во Арсенал.
Последните две години никако не ја пронајде формата, а уште потешка е информацијата дека последниот гол го постигна пред една година.
Италијанските медиуми пишуваат дека Стерлинг ќе ја прифати понудата од Италија без разлика каква и да е, само за да се врати во натпреварувачки ритам.
Наполи беше заинтересиран, но се откажаа, а сега интерес покажаа Кремонезе и Пиза.
















