Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна го освои Вимблдон и така стигна до 21. гренслем-титула во кариерата, но очигледно ќе нема шанса да се бори за уште еден трофеј на Ју-Ес опен затоа што не е вакциниран.
Ѓоковиќ одби да се вакцинира, поради што имаше големи проблеми на Австралијан опен, каде што не настапи и беше депортиран од државата.
„Се надевам на добри вести од САД“, кажа Ѓоковиќ по освојувањето на титулата на Вимблдон, но очигледно нема да ги дочека, барем така изгледа во моментов.
Иако е пријавен за турнирот, сепак нема да го почне натпреварувањето бидејќи организаторите на Ју-Ес опен соопштија дека ќе ги почитуваат правилата, а притоа не ја признаа ниту петицијата која ја потпишаа над 20.000 луѓе.
„Ју-Ес опен ќе ја почитува одлуката на Владата на САД за влез во државата на невакцинираните странски државјани“, соопштија од турнирот.