Стигна на прегледи во блиндирано возило: Сè е подготвено за светски рекорд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хари Мегваер стигна во тренинг-центарот на Манчестер јунајтед за да ги заврши медицинските прегледи и потоа да потпише договор со „црвените ѓаволи“.

По повеќенеделни преговори Лестер сити се согласил на понуда од 85 милиони фунти, па 26-годишниот фудбалер ќе стане најскап дефанзивец во историјата.

Англискиот репрезентативец со Јунајтед ќе потпише петгодишен договор вреден 200.000 фунти неделно, а со новите соиграчи ќе тренира од понеделник.

Мегваер тешко дека ќе заигра на утрешниот меч против Блекбурн роверс во кој ќе играат фудбалерите, кои не настапија против Милан во Кардиф.

Пред Мегваер на „Олд Трафорд“ пристигнаа Дан Џејмс и Арон Ван-Бисака, а тоа значи дека Јунајтед летово потроши речиси 150 милиони фунти.