Стигна неочекувана понуда за Канте, Челси веднаш одговори!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Интер, Антонио Конте очајно го сака Нголо Канте од Челси, но премиерлигашот нема намера толку лесно да го пушти Французинот.

Интер беше подготвен да му го понуди на Челси и Марсело Брозовиќ, плус пари, во замена за францускиот репрезентативец, но од Лондон пристигна негативен одговор.

Челси летово доби врвни засилувања, како што се Каи Хаверц и Тимо Вернер, па ќе мора да продаде неколку фудбалери за да ги избалансира своите финансии, но нема намера да се ослободи од Канте.

Канте во Челси пристигна од Лестер во 2016 година за 20 милиони евра и од тогаш е еден од главните фудбалери на „сините“.