Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По шпекулациите кои кружеа изминативе неколку дека Хумелс би требало да премине во Борусија Дортмунд, официјално е потврдено денес.
За 30-годишниот одбранбен играч, Баварците треба да добијат 38 милиони евра со бонуси, а тој треба да потпише тригодишен договор и да заработи нешто помалку отколку порано, или 9 милиони евра за сезона наместо досегашните 12 милиони.
Хумелс играше за Борусија Дортмунд од 2009 до 2016 година, а потоа за 35 милиони евра се пресели во Баерн. Со Баварците три пати ја освои титулата на прваци.
Минатата сезона за Баерн одигра 33 натпревари на сите натпреварувања, постигна два гола, а исто така освои двојна круна со Баварците.
Па така, клубот од Борусија продолжи со засилување за следната сезона, а пред да дојде Хумелс во клубот од Дортмунд пристигнаа Жулијан Брент, Торган Азар и Нико Шулц.