Стигнаа точните информации околу повредата на Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе мора да паузира најмалку три недели по повредата која ја доживеа во финалето од Купот на Франција.

Оваа вест ја потврдија од клубот од каде изјавија дека повредата која ја добил Мбапе воопшто не е наивна.

„Килијан Мбапе беше на прегледи на десниот скочен зглоб во текот на денот. Утврдено е дека постои повреда на надворешниот лигамент. Предвидено е периодот за заздравување да трае три недели“ –стои во соопштението од ПСЖ.