Стигнаа вести за Кристијано Роналдо кои никој не посакуваше да ги слушне


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо моментално го носи дресот на саудискиот Ал Наср и има договор со овој клуб до летото 2027 година.

Повеќе пати Роналдо има изјавено дека ќе игра се’ додека чувствува дека телото го служи, а очигледно е дека тоа се’ уште е случајот.

И покрај тоа што го продолжи договорот до летото наредната година, Роналдо никогаш не говорел за тоа што планира после тој момент.

Се разбира, иако е во познати спортски години сосема е јасно дека постојат клубови кои би го сакале Роналдо во своите екипи.

Човек кој едноставно мрази порази, но секогаш дава се’ од себе дури и на 40-годишна возраст, би бил засилување за секој клуб.

Новинарот Бен Џејкобс ги шокира љубителите на фудбалот, а особено оние што го сакаат Кристијано Роналдо.

“Кристијано Роналдо може да го напушти Ал Наср на лето 2027 година, а пензијата е опција.

Дури и ако го продолжи договорот на уште една година, веќе се преземаат чекори за Сауди Про лигата да не доживее голем пад по неговото заминување”, тврди Џејкобс.