Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Христо Стоичков го нападна Осман Дембеле, кој беше платен 100 милиони евра пред неколку години, но не ги оправда вложените пари во неговиот трансфер и сега се очекува да ја напушти Барселона.
Легендата на Барселона, Стоичков го критикуваше Дембеле поради неговиот однос. Бугаринот го носеше дресот на каталонскиот гигант од 1990 до 1995 година, па од 1996 до 1998 и со него освои пет шампионски титули во Шпанија, еден шпански Куп, еден Куп на шампионите…
„Во мое време не би ги чистел ниту копачките. Јас како странец се ангажирав да дознаам што е Барселона. Знаев за Караско, Линекер, Салинас и други. Ја знаев историјата на Барселона, која ти не можеш да ја разбереш. Никогаш не се вклопи во играта и не сакаше да дознаеш кој играл на твоја позиција. Ако не сакаш да бидеш во Барселона, тогаш замини и заблагодари се за тоа што беше во клубот четири години“, кажа Стоичков.