Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската репрезентација успеа да го почне Европското првенство со победа од 26-25 против Украина, а еден од најистрошените ракометари по првата средба беше Стојанче Стоилов,кој водеше војна со неговите ривали во текот на натпреварот.
Украинците и немаа баш милост кон нашиот ракометар, кој успеа да ја затресе нивната мрежа дури четири пати, а денеска Жарко Пешевски во изјавата откри дека Стоилов морал да оди под посебен режим по напорниот натпревар.
„Стоилов се потроши многу во мечот против Украина и мораше да оди на посебен режим. Мислам дека сите ќе бидеме подготвени за дуелот против Чешка“, кажа Пешевски.
Да потсетиме, Македонија утре од 16 часот ќе се пресмета против Чешка во второто коло на ЕП.