Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски е заразен со опасниот коронавирус.
Утрово од Рајо Валјекано објавија дека еден нивен играч го закачил вирусот, а предмалку на социјалните мрежи дека е заболен од коронавирусот потврди и самиот Димитриевски.
За среќа нашиот голман не чувствува симптоми и во моментов се чувствува добро.
„Вчера бев известен дека сум позитивен на COVID-19 по тестовите што ми ги извршија минатиот вторник. За среќа, јас сум во одлична состојба и се одмарам дома, како што е утврдено во протоколите. Ви благодарам за вашата поддршка и наскоро се враќам со тимот!“- напиша Димитриевски на социјалните мрежи.